И тие имаат тајни: Ова се најбизарните зависности на познатите!

Секој има по некоја нездрава навика или зависност. За некои, тоа е прекумерното пушење цигари, за други неконтролираното џвакање мастики. Меѓутоа, денес ќе ви ги откриеме чудните навики на славните личности.Џеси Ајзенберг
Актерот кој е најпознат по улогата на Марк Закерберг, има навика да им помага на уличните мачки. Затоа, тој еден од своите станови го има претворено во засолниште за мачки, додека во неговиот дом секогаш може да се забележат барем две мачки.
Ана Кендрик
Имено, актерката е зависна од играта „Angry birds“, поради која дури морала да побара и професионална помош за да се одвикне од неа.

Роберт Патинсон
Познатиот вампир од „Самрак“ е зависен од диетална Кока Кола. Тој едноставно не може да му оддолее на овој пијалак, а неодамна призна дека сака да гледа и емисии за антиквитети.

Кејти Пери
Пејачката призна дека нејзините заби секогаш мора да бидат чисти и дека поради тоа ги мие дури шест пати дневно.

Џенифер Анистон
Актерката од серијата „Пријатели“ е суеверна. Таа има посебен ритуал пред секое влегување во авион, кој се состои од газење со десна нога на првата скала при влегување, како и удирање три пати со истата нога на вратата од авионот.
Бен Афлек
Имено, Бен е зависен од играње покер, а неодамна му е забранет и пристапот во едно казино, бидејќи броел карти додека играл Блек џек.

Џек Блек
Феноменалниот комичар призна дека се „има навлечено“ на зелен чај. Тој вели дека зависноста му се појавила кога се откажал од пушењето и кога го добил првото дете.

Канје Вест
Раперот призна дека е зависен од порнографија. Тој наведе дека му е потребно да има секс до четири пати дневно, а кога станува збор за порно филмови, раперот ги носи со себе секогаш кога оди на некое патување. Изгледа дека така и се заљубил во Ким Кардашијан.
Џеси Ајзенберг
Актерот кој е најпознат по улогата на Марк Закерберг, има навика да им помага на уличните мачки. Затоа, тој

Пронајдете не на следниве мрежи: