И зeмјоделците го подржуваат протестот „ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА“

Сите земјоделци да дадат масовна поддршка за зачувување на унитарноста на Македонија, повика денеска Љупчо Аризанов, претседател на регионалниот Сојуз на лозари „Агротиквешија” од Кавадарци.-Македонија како Македонија ја поддржувам каква што е, но не можам да поддржам работа која некој сака да ја разнебити Македонија. Тоа е став и на сите земјоделци во Македонија, кои ги претставувам во дадениов случај, а пред се како личност можам да ви кажам дека никој во моето достоинство не може да се меша и да ми кажува кој сум и што сум. Јас сум Македонец и Македонец ќе останам апсолутно, тоа бил дедо ми, прадедо ми и прапрадедо ми. Едно малцинство на повеќето народ да им наметнува свои проблеми мислам дека тоа не е во ред. Унитарноста на државата е таа, каква е и таква ќе остане. Мислам дека не само јас туку и сите земјоделци во Македонија имаме исти став. На таквите луѓе кои сакаат да ја разнебитат Македонија не им е местото во Македонија, рече Аризанов.
Тој потенцираше и дека земјоделците ќе се приклучат кон иницијативата „За заедничка Македонија“ и додаде дека поединци ѝ нанесуваат зло на самата држава и ја носат до самоуништување.
-Ние кон иницијативата „За заедничка Македонија“ ќе се приклучиме во секој момент, мислам дека имаме зедничко разбирање ние земјоделците. Достоинството на народот никој не може да му го земе. Да донесуваш одлуки кои сам мислиш да ги протежираш, а пред се како малцинство во државата да наметнуваш на поголемиот дел од народот да му наметнуваш свои тези, тоа беше и порано од страна на некои партии и сега истото се повторува, но мислам дека народот е тој кој ќе застане цврсто и цврсто ќе ја брани унитарноста на Македонија, пред се земјоделците кои ги повикувам да дадат поддршка која ќе биде изразена со мирни протести и на тој начин да го искажеме наезадоволството и да им кажеме дека оваа политика која ја водат е погубна за Македонија, а тие самите да рачуваат и за нивните деца, внуци, како тоа ќе се одрази понатаму за потомството наше. Лесно е сега да се бориш за фотелја, да ветуваш се и сешто, а на крајот апсолутно да биде на нечија друга штета, потенцира Аризанов.-Македонија како Македонија ја поддржувам каква што е, но не можам да поддржам работа која некој сака да ја разнебити Македонија. Тоа е став и на с

Пронајдете не на следниве мрежи: