IATA ја крена прогнозата за добивка на глобалната авиоиндустрија

Авиокомпаниите  во светот ја подигнаа прогнозата за добивка за оваа година што сведочи за се поголема доверба во глобалната економија и за финансиските резултати на компаниите во воздухопловниот сектор, објави во средата Меѓународното здружение на авио-превозниците (IATA).Здружението кое претставува околу 80 отсто од глобалните авио-превозници сега очекува за оваа година нето добивка на индустријата од 10,6 милијарди долари, што е осетно повеќе во споредба со остварените 7,6 милијарди во 2012 година.Најновата прогноза е осетно поголема и од првичната проценка, според која годинава се предвидуваше добивката да достигне 8,4 милијарди долари.„При зголемениот оптимизам во поглед за прогнозата за глобалната економија, побарувачката на патници е посилна, додека и товарниот превоз повторно бележи раст“, вели  Тони Тајлер, главниот извршен директор на IATA.Сепак, од IATA предупредуваат дека на еврозоната и се заканува нова криза поради актуелната состојба во Кипар, при што напоменуваат дека нивните прогнози се темелат на претпоставката дека состојбата во еврозоната ќе остане стабилна.Се истакнува дека цените на акциите на воздухопловните компании од почетокот на годината пораснале за седум отсто и покрај тоа што цената на горивото се зголемила за пет отсто.
МакфаксАвиокомпаниите  во светот ја подигнаа прогнозата за добивка за оваа година што сведочи за се поголема доверба во

Пронајдете не на следниве мрежи: