Ибрахимовиќ: Роналдо не е најдобар

Фудбалерот на екипата на Париз Сент Жермен, швеѓанецот Златан Ибрахимовиќ изјави дека португалецот Кристиано Роналдо е секако еден од најдобрите фудбалери, но не и најдобар.Вечерва со почеток од 20,00 часот, пријателска средба ќе одиграат фудбалските гиганти Париз Сент Жермеин и Реал Мадрид, натпреварот се игра во Шведска на стадионот „Ниа Улеви“ во Гетеборг.
Во пресрет на мечот, во центарот на вниманието повторно се најде Златан Ибрахимовиќ, кој даде мошне интересна изјава за јавноста велејќи дека Кристиано Роналдо е добар фудбалер, но не најдобар.
„Кристиано Роналдо е еден од најдобрите играчи во светот, но не и најдобар“ изјави популарниот Ибракадабра.
Роналдо има договор со Реал Мадрид уште две години, екипата на ПСЖ се обидуваше на неколку пати да дојде до шанса за ангажман на овој фудбалер, но не успеа.
„Тоа што беше поврзуван со ПСЖ е нормална работа, овде ги посакуваме најдобрите играчи“ додаде шведскиот интернационалец.Вечерва со почеток од 20,00 часот, пријателска средба ќе одиграат фудбалските гиганти Париз Сент Жермеин и Реал Мадрид

Пронајдете не на следниве мрежи: