ИД презеде одговорност за самоубиствениот напад во Кабул

Џихадистичката група Исламска држава (ИД) презеде одговорност за денешниот самоубиствен бомбешки напад во квартот Вазир Акбар Кан во авганистанскиот главен град Кабул.– Тоа беше самоубиствена мисија на наш борец, извршена со експлозивен појас во дипломатскиот кварт Вазир Акбар Кан во Кабул, објави новинска агенција на ИД, Амак.

Според авганистанската полиција, бомбашот самоубиец бил на возраст меѓу 12 и 13 години.
Како што јави ДПА, при нападот во Вазир Акбар Кан, каде што се наоѓаат поголемиот број странски амбасади и владини институции, загинале најмалку четири лица, а околу 15 се ранети.
Претходно беше соопштено дека при експлозијата загинале осум лица, додека очевидец на настанот за кинеската агенција Синхуа изјави дека видел 12 тела, претежно на цивили, како лежат на асфалтот.
Реонот на експллозија е опколен од полициски сили, а над реонот надлетуваа и хеликоптери.– Тоа беше самоубиствена мисија на наш борец, извршена со експлозивен појас во дипломатскиот кварт Вазир Акбар Кан во Кабул, објави нови

Пронајдете не на следниве мрежи: