Идејата за двојазичност на Заев не ја подржуваат 93,5 проценти од испитаниците

Loading...

Повеќе од деведесет отсто од испитаниците во новата анкета на Институтот „Павел Шатев“ се изјасниле дека се против идеите на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за воведување двојазичност на целата територија на државата, а воедно се нагласува и значително многу поголема доверба кон лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во однос на неговиот опонент.На прашањето „Дали ја поддржувате идејата за двојазичност на цела територија на Македонија и нов рамковен договор за поголеми права на Албанците?“, вкупно 93,5 отсто од испитаниците категорично одговориле негативно, додека само 4,9 проценти од одговорите биле позитивни.
Воедно, на прашањето „Дали на овие избори би поддржале партија која се залага за концептот на двојазичност во цела РМ и нов рамковен договор (Без испитаници Албанци)?“, резултатот бил речиси идентичен. Вкупно 93,1 отсто од испитаниците биле категорични дека не би поддржале таква партија, додека 4,8 отсто се изјасниле дека би поддржале таква политичка опција.
Во делот за поддршка на партиите, повторно се забележува значителна предност на ВМРО-ДПМНЕ, пред опозициската СДСМ. Така, според анкетата, за ВМРО-ДПМНЕ на изборите на 11 декември би гласале 27,8 отсто од испитаниците, додека за СДСМ својот глас би го дале 16,2 отсто од лицата кои биле дел од анкетата.
Тоа што се забележува во истото прашање е дека речиси триесет отсто, односно 28,9 отсто од испитаниците рекле дека нема да гласаат на изборите, додека 13,9 отсто рекле дека сè уште не знаат за кого да гласаат.На прашањето „Дали ја поддржувате идејата за двојазичност на цела територија на Македонија и нов рамковен договор за поголеми права на Албанц

loading...