„Идентитет“ – Изложба на дизајнерката Јованка Јанкоска на уникатни парчиња накит изработени рачно со техниката Филигран

Во понеделник, 12 декември 2016 година, во 19:00 часот во Јавна соба ќе биде изложен уникатен, сребрен, рачно изработен накит во техника филигран од колекцијата „Идентитет“ на Filigree by Bobe.Со медиумот сребрена жица, надополнет со полудраги камења со креативно синтетизирање на традиционалните и модерните модни тенденции, дизајнерката Јованка Јанкоска успешно создава парчиња накит со висока естетика.
Локалниот идентитет, кој е во основата на формата, техниката и методите на создавањето на експонатите, во овој случај добива универзални уметнички димензии. Изложените креации се одликуваат со вештина на префинетост до перфекција, нагласувајќи ја константната нишка на убавина низ времињата минати и сегашни. Овие уникатни и вредни парчиња накит наведуваат на вредносни размислувања за тоа „од кај сме, што сме и каде одиме“.

 
„Нашата традиција, нашето богато македонско културно наследство е голем извор на инспирации. Тоа е основата, почетокот од кој се движам кон дизајнот што ми е близок, што го градам со години и би сакала да биде мој уметнички израз“ – објаснува уметницата Јованка Јанкоска.
Нејзин најголем предизвик бил изработката на златниот венец на Струшките вечери на Поезијата 2015. Изложбата ќе ја отвори познатата македонска модна дизајнерка Розе Трајческа.
Љубителите на сребрен филигрански накит ќе имаат можност да ја посетат изложбата до среда 13 декември во Јавна соба, која е од продажен карактер.
Изложбата е подржана од Министерството за култура на Република Македонија.Со медиумот сребрена жица, надополнет со полудраги камења со креативно синтетизирање на традиционалните и модерните модни тенденции, дизајнерката Ј

Пронајдете не на следниве мрежи: