Мојот херој од реалниот живот е татко ми Џамбаз. Тоа ти е суперхерој. Доказ за тоа колку човекот може да биде посебен – вели познатиот шоу-мен Игор ЏамбазовМојот херој од реалниот живот е татко ми Џамбаз. Тоа ти е суперхерој. Доказ за тоа колку човекот може да биде посебен – вели познатиот шоу-мен Игор Џамбазов во Прустовиот прашалник на книга.мк.
Кога би можел да биде некој друг, тој би бил сестра му Тања.
-Барем ќе го видев светот. Само што таа тешко би прифатила да се замениме со животите – коментира Игор, кој се идентификува со дедо му Петре Прличко. На прашањето Со која историска личност најмногу се идентификуваш, тој одговара:
-Со дедо ми 5-ре. И тој е историска личност, нели?
Тој смета дека не постои совршена среќа, туку среќата сама по себе си е совршена. А неговиот најголем страв одамна заминал:
-Мојот најголем страв одамна си замина. Во историјата. Стравот од себе.
Најмногу кај себе мрази што сè уште, на 51 година, слепо им верува на луѓето. А како најголемо достигнување го гледа тоа што сè уште е жив… И концертот во „Борис Трајковски“…
И сосема очекувано – неговото мото:
Затвори очи, исклучи уши, растерај мисли… и диши длабоко.Мојот херој од реалниот живот е татко ми Џамбаз. Тоа ти е суперхерој. Доказ за тоа колку човекот може да биде посебен – вели познатиот шоу-ме



