Игор Џамбазов: „Не ми треба жена за перење гашти, ми треба некоја да ми посака добро утро и добра ноќ!“

„Мене ми треба жена за нормална комуникација, не ми треба да ми ги испере гаштите, тоа сам го правам одамна.“Не постои жена во мојот живот. Јас го променив мојот став и мислам дека жените што ја прочитаа мојата книга „Прирачник за анти антиалхохоличари“ се навредија, мислам дека по таа книга жените се плашат од мене… Жена за секс сега можеш да најдеш и на интернет.
Мене ми треба жена за нормална комуникација, не ми треба да ми ги испере гаштите, тоа сам го правам одамна. Ми треба некоја да ми посака добро утро и добра ноќ. Значи расчистивме со тоа дека во животот нема да имам деца, затоа мора да се појави некоја жена.
Некоја што ќе се грижи за сѐ она што сум го оставил: песни, филмови, книги… Знаеш која е мојата целна група: вдовици, разведени, оставени, немажени и млади девојки – вели македонскиот шоумен Игор Џамвазов, во интервју за дневниот весник Вест.
Тој се подготвува за големиот мултимедијален концерт по повод 50 години живот, 40 години од првата ТВ-улога, 30 години од првата професионална театарска улога, 20 години од првиот албум.
Билетите за концертот на Џамбазов до 26 октомври чинат 300 денари, по што ќе се продаваат по 400 денари, а на денот на концертот цената ќе изнесува 500 денари.Не постои жена во мојот живот. Јас го променив мојот став и мислам дека жените што ја прочитаа мојата книга „При

Пронајдете не на следниве мрежи: