Игор Џамбазов со ОТВОРЕНО ПИСМО до јавноста!

Познатиот македонски шоумен, Игор Џамбазов и се обрати на јавноста со отворено писмо во кое објасни се за настаните кои ја одбележаа 2015 година во неговиот живот, но и за понатамошните планови кои следатДраги мои.
Заврши првиот, а воедно и најдолгиот месец во годината. Завршија сите можни празници и неработни денови, па полека, полека се враќаме во нормала.
За мене лично, најважно е дека заврши 2015 година, убедливо најтешката и најнеизвесната во мојот живот. Година во која за прв пат се соочив со сериозен здравствен проблем, кој благодарејќи на професионалноста и стручноста на лекарскиот тим од “Филип Втори“ беше саниран и истретиран на вистински начин.
Токму затоа сакав 2015 да ја завршам со една голема заедничка журка во која заедно со Вас, сакав да го прославиме моето повторно раѓање, мојот втор живот.
Така се роди идејата за “Џамбо фестивал“. За жал, и покрај невидениот ентузијазам со кој влеговме во подготовките (не само јас, туку и мојот бенд, а особено бендовите кои требаше да настапуваат на фестивалот), и покрај големиот интерес на публиката и медиумите за него, морав да го одложам поради повторно нарушената здравствена состојба која произлезе како резултат од фактот дека си ги преценив своите сили, по цели денови бев на интервјуа, проби, состаноци…па повторно завршив во болница. Доживеав класичен колапс на организмот.
Бев многу тажен, несреќен и потполно разочаран.
Фестивалот го презакажавме за подобри времиња. Мојата желба беше тој да се случи на 13 или 14 февруари, но со оглед на големиот број учесници (не само на сцената, туку и зад неа), тоа едноставно не е можно да се организира.
Во меѓувреме, почнав да работам на другите проекти кои беа планирани и најавувани во сите мои јавни настапи, а кои не сакав да бидат одложени.
И за да бидам сигурен дека нема повторно да ми се случи здравствен крах, овој пат се обидов правилно да ги распределам своите сили….

 
И така…на крајот на месец Март, поточно деновите околу 27-ми (кој е инаку Светскиот ден на театарот), ќе се одржи премиерата на претставата “Брачна игра“ на Едвард Олби, дуодрама која со голема љубов ја подготвуваме со мојата колешка Весна Петрушевска.
Месец Април е резервиран за Саемот на книгата и промоција на мојата најнова…наречена “Умрен човек“, која со најголемо задоволство ја пишувам последниве девет месеци.
И конечно…во Мај, месецот на пролетта и младоста, традиционално, веќе за прв пат, ќе се одржи “Џамбо фестивал“. За сите детали ќе бидете навреме известени на мојата фан страница на фејсбук, како и на сите медиуми заинтересирани за него. Секако, на крајот им должам и едно големо извинување на сите оние кои имаа какви било непријатности заради одложувањето на фестивалот. Тука мислам на сите учесници, како и на оние од Вас кои на време си купија влезници.
Се гледаме во театар , се читаме на Саемот на книгата, а се слушаме на крајот на Мај, на “Џамбо фестивал“.
Бидете ми живи, здрави, умни и среќни!
“Минатото се заборава, сегашноста се живее, иднината се сонува“
 Драги мои.
Заврши првиот, а воедно и најдолгиот месец во годината. Завршија сите можни празници и не

Пронајдете не на следниве мрежи: