Играорците приредија спектакл на отворањето на Суперкупот!

Град Скопје моментално е центарот на светот, поради европскиот Суперкуп на УЕФА меѓу екипите на Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед.УЕФА ѝ ја додели довербата на Македонија, а нашата земја се погрижи да направи комплетен спектакл. Истиот е најавен уште на отворањето, кога играорци од нашата земја излегоа на теренот и направија македонско оро да ечи низ светот. Барем, од ТВ-приемниците.

Членови на македонски ансамбли ги одиграа ората „Малешевка“ и „Копачка“, а за тоа ги собраа аплаузите од трибините. 

Свој настап имаа и осумнаесет дечиња со оштетен слух од училиштето „Партение Зографски“, кои настапија пред натпреварот од Суперкупот и на знаковен јазик ја испеаја „Sky Full Of Stars“ од „Coldplay“.
УЕФА ѝ ја додели довербата на Македонија, а нашата земја се погрижи да направи комплетен спектакл. Истиот е најавен уште на отворањето, кога играор

Пронајдете не на следниве мрежи: