Илиевски до Хан: На улиците има народ кој е повеќе од спремен да ви докаже дека тука живеат горди луѓе, со високо крената глава и исправена кичма

Епа комесаре Хан, Македонија не е само Скопје, Македонија е и Битола, Охрид, Прилеп, Куманово и сите 43 други градови и места каде што вечерва има 200.000 луѓе на улиците, му порача Богдан Илиевски од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ на еврокомесарот Јоханес Хан, кој Македонија ја нарече Скопје.-Дојде за жал комесарот Хан, наместо да се сретне, избега од нас, претседателот Иванов одби да се сретне со него и ни го отстапи просторот нас, на граѓаните за заедничка Македонија, домаќините во оваа држава. Да се видиме и со него и со сите дипломати, заинтересирани за иднината на оваа држава, бидејќи и сегашноста, како и минатото, и иднината на оваа држава е ви рацете на граѓаните. Но, Хан наместо да се сретне со нас, на социјалните мрежи напиша „Патот до ЕУ останува отворен за Скопје“. Не не спомена со нашето име, туку напиша Скопје. Епа комесаре Хан, Македонија не е само Скопје, Македонија е и Битола, Охрид, Прилеп, Куманово и сите 43 други градови и места каде што вечерва има 200.000 луѓе на улиците, вели Илиевски.
Илиевски кажа дека дека Хан не е загрижен за иднината на Македонија, туку за некои негови агенди.
-На улиците има народ кој е  повеќе од спремен да ви докаже дека тука живеат горди луѓе, со високо крената глава и исправена кичма, луѓе кои не прифаќаат да не им го изговорите името на нивната држава, а да лажете дека сте загрижени за нејзината иднина. Вие не сте загрижени за нас и за Македонија, туку сте загрижени за вашите агенди. Вашата агенда ќе е и наша кога ќе покажете почит кон овој народ. Велите дека сте загрижени за економијата во Македонија, каква хипокризија, ако бевте загрижени за економијата, немаше да дозволите да не условуваат со нашиот идентитет за да станеме рамноправна членка на унијата, немаше да дозволите 20 и кусур години да стоиме пред портите на унијата која прогапагира рамноправност, почит и еднаквост, а го негира нашето право на самоопределба, правото да бидеме Македонци, немаше да поддржувате Соросови влади и тирански платформи, туку ќе не поддржевте нас, граѓаните за заедничка Македонија, изјави Илиевски
Тој најави дека на оваа земја и е доста од бирократи кои ќе ги негираат нејзините права, затоа народот на улиците е се поброен и погласен.
-Наместо тоа вие одбравте да не се ни сретнете со граѓаните на оваа земја која не ја ни нарекувате Македонија, туку Скопје. Оваа земја одлучи дека и е доста од слушање бирократи кои ќе и го негираат правото на сопствено име, идентитет, јазик, знаме, правото да се биде Македонец. Затоа е народот на улиците и е се поброен и погласен. Затоа стоиме зад нашите ултимативни барања, нема да не нарекувате Скопје, нема да не делите и ќе покажете почит кон нас, нема да ни ја виткате кичмата со тирански платформи, нема да ви дозволиме, порачува Илиевски-Дојде за жал комесарот Хан, наместо да се сретне, избега од нас, претседателот Иванов одби да се сретне со него и ни го отстапи просторот нас, на

Пронајдете не на следниве мрежи: