Илјадници читатели се дружеа со младите македонски писатели на Булеварот на книгите

Саемот на книгата на Клуб Матица „Книга во секој дом“ започна на 20ти и ќе трае до 31ви јануари. Привлечноста на „Книга во секој дом“ е во тоа што читателите ја имаат можноста лично да се запознаат со младите македонски писатели.Во изминатите денови илјадници посетители се дружеа со Вера Калин, Ксенија Николова, Ана Бунтеска и Евгениј Хоуп. Нивните дела се потпора на столбовите на модерната македонска литература и култура. Булеварот на книгите со денови зрачи од насмеани лица исполнети со возбуда додека пенкалата на авторите ги потпишуваат своите дела. Сите се забавуваат и ја споделуваат љубовта кон пишаниот збор. Бунтеска го прослави и својот роденден со читателите и посетителите во атмосфера која ретко се повторува.
Саемот се уште трае и останува возбудата за сите кои ќе одат на Булеварот на книгите да се запознаат и со Марија Лозаноска и Јован Илиески. Љубителите на книгата се поканети да се запознаат со овие исклучителни автори. Марија и Јован се сосема спротивни во стилот на пишувањето, но се водени од истата љубов за споделување на емоции и приказни.
Лозаноска потпишува во петок, 27.01.2017, а Јован во понеделник, 30.01.2017, и двајцата во 18.00 часот и секој може да ги посети и лично со нив да ја сподели желбата за читање и пишување.
Книгата е пријател, инспирација и учител.
КНИГА ВО СЕКОЈ ДОМ
читај, патувај, откривај, истражувај…Во изминатите денови илјадници посетители се дружеа со Вера Калин, Ксенија Николова, Ана Бунтеска и Евгениј Хоуп. Нивните дела се потпора

Пронајдете не на следниве мрежи: