Илјадници демонстранти протестираа во Грција против рудниците за злато

 Илјадници луѓе во саботата протестираа во Солун против експлоатацијата на наоѓалиштата на злато во Грција, соопшти локалната полиција, според чии процени бројот на демонстрантите изнесувал девет илјади луѓе, додека организаторите тврдат дека имало повеќе од 12 илјади демонстранти.Маршот беше поддржан од страна на три парламентарни партии, вклучувајќи ја и официјалната опозиција коалицијата на левите радикални сили СИРИЗА. Паралелно беа одржани и демонстрации против плановите на владата за драстично намалување на бројот на филијалите во универзитетите во земјата. И двата протеста минале без насилства.Демонстрантите тврдат дека експлоатацијата на наоѓалиштата на златната руда ќе предизвика еколошка штета а притоа нема да донесе профит за грчката држава.Канадската компанија „Eldorado Gold“ го доби правото за експлоатирање на наоѓалиштата на злато на Халкидики,и работата на рудникот би можела да започне многу скоро. Компанијата вети дека ќе ја направи Грција најголемиот производител на злато во Европа.Меѓутоа, плановите на компанијата предизвикаа насилни протести од страна на локалното население. Неколку од протестите завршија со судири со полицијата. Во февруари, група непознати лица навлезе во рудници и подметна пожар во кој беше предизвикана штета милиони евра. Покрај тоа, се одржуваат и собири во поддршка на експлоатацијата на рудникот, кој вработува повеќе од 1.200 жители.
Макфакс Илјадници луѓе во саботата протестираа во Солун против експлоатацијата на наоѓалиштата на злато во Грција,

Пронајдете не на следниве мрежи: