Илјадници луѓе се собраа по повод 36 годишнината од смртта на единствениот Елвис Присли

Илјадници луѓе се собраа да оддадат почит на еден и единствениот Елвис Присли кој почина пред 36 години. Обожавателите од целиот свет на легендата Елвис Присли се собраа на годишното бдеесе во Грејсленд по повод 36 годишнината од неговата смрт.
Илјадници фанови со запалени свеќи синоќа во тишина одеа низ Градината за медитација во Грејсленд, домот на Присли во Мемфис. Во градината се наоѓа неговиот гроб, како и гробовите на неговите мајка, татко и баба.
Секоја година обожавателите на музиката и филмовите на Присли доаѓаат во Мемфис на Елвисова недела, еднонеделна прослава на неговиот живот и кариера.
Присли почина на 16 август 1977 од срцев удар. Овој вид на бдеење започна една година по неговата смрт,а подоцна стана вистинска туристичка атракција, која на некој начин ги поврзува обожавателите со нивната легенда Елвис Присли. 
Во негова чест да се потсетиме на еден негов голем хит. 
 Обожавателите од целиот свет на легендата Елвис Присли се собраа на годишното бдеесе во Грејсленд по повод 36 годишнината од неговата смрт.

Пронајдете не на следниве мрежи: