Има 14 години и убива за 25 000 долари!

Малолетниот приврзаник на Исламската држава (ИД), кој во вторникот е уапсен во Австрија, признал дека планирал терористички напад во Виена, како и дека преку интернет е врбуван за одредена сума пари.Според пишувањето на австриските медиуми, 14-годишното момче со турско потекло не негира дека палнирал бомбашки напад и дека е врбуван посебно за таа цел.
Виенскиот весник „Кронен цајтунг“ на основа на информациите од неименувани извори пишува дека преку интернет на момчето му се ветени 25.000 долари за терористичкиот напад, како и дека ќе добие посебна позиција во ИД во џихадот.
За време на сослушувањето тој изјавил дека сака во џихад во Сирија, дека преку интернет собирал информации за правење бомба, како и дека планирал бомбата да ја постави на многу фреквентно јавно место, а еден од целите била австриската западна железничка станица Весбанхоф, низ која дневно поминуваат по околу 40.000 луѓе..
Државното обвинителство во Санк Пелтен наложило истражен затвор за младиот терорист.Според пишувањето на австриските медиуми, 14-годишното момче со турско потекло не негира дека палнирал бомбашки напад и дека е врбуван посебно за т

Пронајдете не на следниве мрежи: