Има 71 година и се уште изгледа младолико- ова се нејзините совети

Младоликиот изглед и завидната фигура ја лансирале Норма Камали меѓу ѕвездите. Таа во медиумите многу пати има истакнато дека никогаш не била подложена на пластична операција, туку дека за својата убавина се грижи на природен начин.

Таа е американска дизајнерка. Но, освен по своите уметнички решенија, таа е позната и по тоа што има 71 година и никој не може да поверува во тоа. Ова се нејзините совети за тоа како да бидете младолики и витални.

Младоликиот изглед и завидната фигура ја лансирале Норма Камали меѓу ѕвездите. Таа во медиумите многу пати има истакнато дека никогаш не била подложена на пластична операција, туку дека за својата убавина се грижи на природен начин.
Од нејзините фотографии можете да се уверите дека се’ што прави има голем ефект, бидејќи изгледа барем две децении помладо.

За порталот “Today” таа детално раскажала како се негува и што точно прави за да изгледа вака добро.

Косата четкајте ја само со дрвена четка
Користете само четки со дрвени запци кои ги стимулираат точките за опуштање на черепот, го поттикнуваат крвотокот и ја прават косата поубава.

Мијте го лицето со зелен чај
Зелениот чај е богат со антиоксиданси од кои кожата има многу придобивки, без оглед на тоа дали го пиете или се миете со него.За да ги намалите ситните брчки околу очите, натопете мала крпа во разладен зелен чај, исцедете ја и ставете ја на лицето неколку минути.

Масирајте ги ушите
Редовната масажа на ушите ќе ви помогне во опуштање на сите органи, што позитивно ќе влијае врз вашиот изглед.

Исфрлете го шеќерот
Избегнувајте преработена храна. Големата количина на внесен шеќер негативно влијае на убавината и физичкото здравје.

Пијте вода со собна температура
Ладната вода може да ве „блокира”, додека млаката вода едноставно не е пријатна. Идеалната температура на водата е собната, бидејќи е компатибилна со температурата на вашето тело.

Не ги прикривајте недостатоците
Прикривањето на недостатоците нема да ве направи посреќни. Самодовербата доаѓа кога ќе научите да ги сакате своите недостатоци. Исто така, прифатете ја својата природна убавина. Шминка користете што е можно поретко.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.