Имаат пари, но не и вкус: Ова се најужасните венчаници на познатите жени

Венчавката е еден од ретките денови во животот на жените кога им е дозволено се да биде по нивно. Тоа поготово важи за венчаницата, која би требало засекогаш да ве посетува на тој прекрасен момент. То посебен фустан главно се бира неколку месеци однапред и се поробува по десет пати. Но, овие славни жени дефинитивно направиле погрешен избор- барем кога се работи за ванчаницата.Селин Дион

Селин Дион се омажи за музичкиот продуцент Рене Анжелил во 1994 година и тие имаат еден од најстабилните  бракови  меѓу познатите. Но, славната пејачка направила голема грешка во изборот на венчаницата- едноставно премногу од се.
Леди Мари Чартерис

Манекенката се омажи пред две години, и за најромантичниот ден во животот одбрала фустан  со кој би се гордеела Лејди Гага! Бизарната креација предизвика многу внимание, па дури и Вог пишуваше за ова. Но, таа била задоволна од својот избор.
Лусиана Лопилато

Канадскиот пејач Мајкл Бубле и аргентинската актерка Лусиана Лопилато  имаа прекрасна романтична венчавка  во 2011 година. Но, целиот впечток го расипа венчаницата на Лусиана, која наликуваше на торта на неколку спрата.

 
Памела Андерсон

Памела одбрала навистина интересна „венчаница“ . Се работи за минијатурно бело бикини во кое го изговорила судбоносното  „да“ на венчавката со Кид Рок во 2007 година.  Бракот бил анулиран по една година, а секси актерката се мажеше уште два пати.
Мараја Кери

Мараја сакала да изгледа како принцезите на Дизни на венчавката со Тони Мотоло во 1999 година. За жал, тоа не и тргнало од рака, бидејќи исто како Селин, одбрала венчаница која едноставно е пренатрупана со детали.
Кети Прајс

Фустанот кој Кети Прајс го одбрала за својата венчавка секако не е нешто што би се нарекло примерно за во црква. Многу светки и со многу изразено деколте, Кети изгледа  непристојно и малку смешно во розевиот фустан.Селин Дион

С

Пронајдете не на следниве мрежи: