Имате висок притисок? Пред да пиете лекови, прочитајте го ова!

Заради присуството на големата количина витамин Ц и флавоноид, хибискусот има силно антиоксидантско дејство, и ја подобрува одбрамбената сила на организмот. Чајот од оваа билка особено се препорачува и во зима, за време на настинката и грипот, бидејќи силно влијае на заздравувањето на организмот.Оваа билка посебно е ценета во индиската и кинеската народна медицина. Потекнува од просторот на денешна Кина и Индија, а се смета дека во Европа пристигнал во 1731 година, по враќањето на биолозите од истражувачкиот поход во Азија. Родот на хибискусот, кој содржи над 20 видови, припаѓа на семејството слез (Malvaceae).
Пијалок со неверојатни својства: Чајот од хибискус освежува (за тоа е заслужна лимонската киселина), а погоден е и за опуштање бидејќи не содржи кофеин и теин. Во хибискусот има дури 13 аминокиселини, од кои 6 се од огромно значење за организмот на човекот. Содржи и голема количина на витамин Ц, ензими, етерично масло и овошна киселина.
Хибискусот го подобрува имунитетот и општата состојба на организмот. Неверојатен е во борбата против настинката и воспалението на грлото. Помага кај стомачните проблеми, а особено при запекот, бидејќи делува како лаксатив. Ги ублажува грчевите во стомакот и матката, а служи и како благ диуретик, помагајќи да се исфрли вишокот на течностите од телото. Тоа е особено важно за лицата што боледуваат од срцеви заболувања, бидејќи кај нив чест симптом е задржувањето на течностите во телото. Помага и кај пореметувањата со циркулацијата, несоницата, површинските рани, па дури и го освежува здивот. Заради големото присуство на флавоноид, чајот од хибискус помага во детоксикацијата на организмот и заштитата на црниот дроб од отрови, забрзувањето на метаболизмот и подобрување на работата на штитната жлезда.
Намалување на крвниот притисок
Чајот направен од екстракт од цвет на хибискус помага во третманот на блага и умерена хипертензија (висок крвен притисок). Имено, истражувањата покажале дека по четири недели секојневно консумирање, притисокот кај луѓето што страдале од хипертензија е намален за 79 отсто, наспроти 84 отсто од испитаниците кои го победиле притисокот со земање на лекови.

Хибискусот го подобрува мирисот, вкусот и изгледот на храната и пијалоците, кога се во прашање мешавините од чаеви. Разни делови од оваа билка се користат за правење на џемови, зачини, супи и сосови. Чајот од хибискус во Египет со векови е национален пијалок и билка која лечи многу болести.
Совет плус:
Здрав коктел: Во чај од хибискус додајте сок од свежо исцеден лимон, портокал или некој друг овошен сок, а потоа додајте мед.
Варијанта за прослави: Во горниот коктел, додајте малку вермут или џин.
За освежување: Чајот од хибискус помешајте го со нане и добро промешајте. На здравје!Оваа билка посебно е ценета во индиската и кинеската народна медицина. Потекнува од просторот на денешна Кина и Индија, а се смета дека во Европа п

Пронајдете не на следниве мрежи: