Импланти на ирис кои трајно ја менуваат бојата на очите!

Нова и доста контроверзна хируршка интервенција нуди можност за постојано да се промени бојата на очите на човекот, соопштува PopSci.Луѓето кои не се задоволни од бојата на очите дадена од природата, со години се обидувале да ги менуваат, но оваа постапка дава квалитативно ново решение.
Наречена „имплантација на вештачки ирис“, таа е начин за корекција на различни дефекти на окото како хетерохромија, но сега се рекламира како козметичка хирургија за луѓе кои сакаат засекогаш да ја сменат бојата на очите. Вештачкиот ирис е тенка нетоксична протеза изработена од специјален силикон, кој се користи при правење на окуларни леќи. Бидејќи лажниот ирис е доста флексибилен, тој може да се вклопи и внесе во окото преку деликатна хируршка игличка со должина од 2.8 мм.
Според сајтот на BrightOcular, компанијата што ја нуди козметичката хирургија, постапката е „кратка, безбедна и не боли“. Компанијата ветува дека само по 15 минути по интервенцијата, пациентот веќе ќе има сосема различна боја на очите.
Постапката има само козметички карактер и не поправа никакви визуелни дефекти. За разлика од ласерските процедури кои бришат слој на меланин од ирисот за да ја менуваат бојата на окото, BrightOcular тврди дека нивните импланти можат да се отстранат сосема лесно во случај нешто да тргне наопаку или ако пациентот посака да ја смени одлуката.Луѓето кои не се задоволни од бојата на очите дадена од природата, со години се обидувале да ги менуваат, но оваа постапка дава квалитативно ново р

Пронајдете не на следниве мрежи: