Инцидентот на црвениот тепих на филмскиот фестивал „Браќа Манаки“ предизвикан поради новинарско прашање

Едно новинарско прашање го предизвикало инцидентот на црвениот тепих на филмскиот фестивал „Браќа Манаки“ синоќа, на кој сведок беше и главната гостинка на фестивалот Жулиет Бинош.Имено, при пристигнувањето на фестивалот, Бинош присуствуваше на жестока расправа меѓу директорката на фестивалот Лабина Митевска и режисерот Столе Попов.
Како што пишуваат локалните медиуми во Битола, причина за кавгата во незгоден момент било незадоволството на Попов со едно од новинарските прашања кои му биле поставени на црвениот тепих. Новинарите што го следеле фестивалот го прашале македонскиот режисер дали и кога мисли да им исплати отшета на битолските дуќанџии кои имаа повеќедневен прекин во работата пред две години, за време на снимањето на филмот „До балчак“.
За режисерот Попов ваквото прашање било неумесно, па тој налутен веднаш и се пожалил на Митевска, која пак му рекла дека не може да влијае на прашањата на новинарите. Револтиран го напуштил свеченото отворање, а се заканил и дека во целост ќе го напушти интернационалниот фестивал на кој вечерва треба да се одржи премиера на „До балчак“.
Од организацијата на фестивалот денеска не сакаат да коментираат инцидентот, со образложение дека се работи за спорадична појава, а тие сакаат целата енергија да ја насочат кон успешна организација на манифестацијата. Сепак, инцидентот доби на публицитет особено затоа што кавгата се случуваше токму во моментот на пристигнувањето на главната гостинка на фестивалот, оскаровката Жулиет Бинош.
Организаторите тврдат дека режисерот Попов сепак ќе присуствува на вечерашната премиера на филмот „До балчак“, на која се најавени и протести на битолските дуќанџии заради непокриените трошоци. Сите билети за проекцијата се веќе распродадени.Имено, при пристигнувањето на фестивалот, Бинош присуствуваше на жестока расправа меѓу директорката на фестивалот Лабина Митевска и режисерот Столе

Пронајдете не на следниве мрежи: