Иновација во дизајнерските решенија за постер

Не се знае дали креативните и иновативните идеи се раѓаат или доаѓаат. Дали  тлеат во нас и потоа излегуваат на површина или пак лебдат во воздухот, а наше  е да ги дофатиме.Пред крајот на годинава како новогодишен подарок за сите трагачи по префинета визуелна естетика, ви претставуваме необична и едниствена идеја за дизајн на постер, од графичкиот дизајнер Илија Димкоски.
Станува збор за прв експериментален проект на дизајнерот Димкоски, во  чие креирање на постер за музички настан, вклучува  спој на хартија, силикон и гипс.
Со оглед на тоа што коренот на техно музиката како правец се поврзува со футуристички, експериментални и имагинативни теми, а колективот Room 313 ја негува таа нишка на звукот кој го застапува, задачата да се направи постер за нивниот настап создава простор за трагање по иновативен, алтернативен и нетрадиционален начин на поставување на визулениот изглед. Идејата за постерот, исто така, произлегува и директно од искрената желба да се експериментира со материјали кои претходно не се користени во постер дизајнот.
Дистинктивниот стил на техно музиката, кој се карактеризира со ритам машини и комбинирање на електронска музика со репетитивни ритми е важен аспект за естетиката на самиот постер и инспирација за минималистички пристап, надополнет со автентично испакната композиција од елементи кои „се лепат” на циклусно-базираниот редослед како метод за компонирање.
Со овој зафат на Димкоски се создава историски момент во дизајнот заради тоа што првпат се користи овој микс од материјали.
Постерот е во конкуренција за најиновативен постер за 2016 година.
Сите оние што сакаат да уживаат во техно звуците добредојдени се на музичкиот настап на колективот Room 313 закажан за 24 декември (сабота) на полноќ во клубот Badaboom (Стара чаршија). Таму ќе може да ја видите и оригиналната верзија од постерот.Пред крајот на годинава како новогодишен подарок за сите трагачи по префинета визуелна естетика, ви претставуваме необична и едниствена и

Пронајдете не на следниве мрежи: