Instagram достигна 150 милиони активни корисници, набрзо доаѓаат и рекламите

Мобилната апликација Instagram ја надмина бројката од 150 милиони активни корисници, а дури 40% од нив живеат во САД. Според статистиките, 128 милиони корисници се приклучиле откако Instagram бил купен од Facebook.Во последните 6 месеци, овој сервис добил дури 50 милиони нови корисници, што е навистина одличен раст. Компанијата во моментот има 50 вработени, споредено со самиот почеток кога имаше само 4 вработени, 7 милиони корисници и Instagram апликацијата работеше само на iOS. Во моментот, Android и iOS си имаат свои верзии, додека Windows Phone корисниците нестрпливо ја очекуваат својата.
Новите планови на компанијата веројатно нема да им се допадна на корисниците. Emily White, која премина од Facebook, тврди дека во брзо време сервисот ќе започне со монетизација на својот успех. Претходниот пат кога Instagram проба да профитира беше катастрофално за компанијата – беа сменети условите за користење на сервисот, а со тоа корисниците мислеа дека нивните слики ќе бидат продавани на компании. За да ги среди проблемите, беа вратени старите услови за користење. 
Во овој втор обид, компанијата ќе проба малку поедноставно, односно со додавање на реклами.
gsm.mkВо последните 6 месеци, овој сервис добил дури 50 милиони нови корисници, што е навистина одличен раст. Компанијата во моментот има 50 вработени, с

Пронајдете не на следниве мрежи: