Инстаграм станува ОПАСЕН: „Станав костур за да изгледам поубаво на фотографиите“

Девојчиња на возраст од само 10 или 11 години, објавуваат анорексични селфи фотографии. Тие се поддршка и инспирација едни на други, а станува збор за свет кој многу добро го кријат од нивните родители.Тинејџерката која се разболела од анорексија поради прикачувањето фотографии на Инстаграм со кои се натпреваруваат која ќе биде послаба, ја раскажа својата приказна за да предупреди на опасноста која демне на социјалните мрежи и која доведе до тоа да се изгладнува. Но, таа не е единствената која се соочува со тој проблем. Постојат илјадници такви девојчиња ширум светот.
Индија Едмондс (17), почнала да страда од нарушување во исхраната кога имала само 14 години.
„Сите во училиштето имаа свој профил на Инстаграм, а мене ми се чинеше дека сите девојки се послаби и поубави од мене“, Индија ја започнува приказната.
Наскоро таа почнала да го намалува бројот на оброци, сѐ додека еден ден не дошла до тоа на ден да јаде само три лажици овошно желе и чаша сок од грејпфрут. Незадоволна од нејзиното тело кое не било доволно слабо за неа, таа поминувала и по три часа во теретана и на базен. По шест месеци и советите кои ги добила од нејзината пријателка на Инстаграм, таа имала само 38,5 килограми. Еден ден се онесвестила и мајка ѝ ја однела во болница.
Иако на сите им било јасно дека изгледа како костур, Индија не била свесна за нејзината анорексичност.
„Мислев дека сум убава. Но, изгледав како костур, како некој што умира“, раскажа таа.

Таа минала шест месеци во болница и била присилно хранета преку цевче.
„Лекарот ми напомена дека можам да умрам доколку не јадам, но едноставно не можев да јадам“.
За среќа, Индија успеала да се спаси и денес тежи околу 47 килограми.
Интернетот е полн со анорексични девојчиња
Меѓутоа, интернетот и понатаму е полн со девојчиња кои своеволно гладуваат. Ана има 12 години и 2.000 следбеници кои сакаат да изгледаат како неа, а таа наликува на костур. Висока е 1,5 метри и тежи само 37 килограми. Нејзина цел е да има 35 килограми, а дневниот рекорд ѝ е – нула калории!
Секој ден им пишува на следбениците дека се обидува да јаде што е можно помалку, а тие ѝ велат дека убаво изгледа иако целата е коски и кожа.
Една 11-годишна девојка напишала дека изгубила 7 килограми за три месеци, но вели дека е тажна, дека гладува и дека ја болат зглобовите. „Родителите не знаат дека сум болна“, додала таа.
За секој лајк кој што ќе го добие, се „наградува“ така што не јаде еден час. Таа добила 27 лајкови.
Тинејџерката која се разболела од анорексија поради прикачувањето фотографии на Инстаграм со кои се натпреваруваат која ќе биде послаба, ја раскажа

Пронајдете не на следниве мрежи: