четврток, 26 ноември 2026
Најново

Институциите подготвени за справување со најавените екстремни временски услови

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Институциите се подготвени да се соочат со најавената дестабилизација на временските услови и заеднички, координарано да делуваат за справување со последиците, заклучи денеска Главниот штаб за заштита и спасување.На состанокот што го свика директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Шабан Салиу беше истакнато дека треба да се преземат превентивни дејства: навремено информирање на населението за очекуваните промени во временските услови, апелирање да се почитуваат одредбите за управување со моторни возила во зимски услови и зголемување на подготвеноста на институциите да ги вклучат расположливите капацитети и средства.
– Препорачано е и да се дадат навремени упатства за движење на моторни возила на критични точки, а локалната самоуправа да ги стави во подготвеност своите сили и опрема, информира Дирекцијата.
На состанокот беа присутни претставници од министерствата за здравство, локална самоуправа, внатрешни работи и финансии, АРМ, Агенцијата за електронски комуникации, МЕПСО, ЕЛЕМ, ЕВН, УХМР, МТВ, Црвениот крст на Република Македонија, Федерацијата на планинарски спортови, Воено-медицинскиот центар и Агенцијата за храна и ветеринарство. 
 На состанокот што го свика директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Шабан Салиу беше истакнато дека треба да се презем

Поврзани вести