Интересни факти за чипсот

Ако секој ден јадете по една ќесичка чипс, за година дена во организмот би внесле 5 литри зејтин, покажуваат резултатите од најновото истражување. Освен зејтин, конзумирате и огромни количини на масти, шеќер и сол.

 За многумина, чипсовите се омилените грицки при гледањето телевизија, фудбал или филм, или пак при пиењето пиво. За некои е дури и замена место оброк на работното место. Меѓутoа, истражувачите предупредуваат дека во самиот чипс се додаваат состојки кои предизвикуваат зависност.

 „Кога конзумирате чипс, во устата чувствувате вкус на сол, а тој ефект во индустријата се нарекува „експлозија од вкус“. Чипсот исто така содржи многу масти што даваат, како што индустријата тоа го нарекува – чувство на полна уста и ситост.”
 Во комбинација со солта и маснотиите доаѓа и шеќер кој се наоѓа во скробот од компирите. Производителите на чипс откриле комбинација која предизвикува чувство на задоволство во мозокот.
 За жал, бидејќи го бомбардираат организмот со калории, се зголемува ризикот од дебелеење, хипертензија, дијабетис и други нарушувања.
 Најтоксичната хемикалија која се наоѓа во чипсот а која се нарекува акриламид, која е невидлива, нема вкус и нема мирис, но е поврзана со оштетувањето на DNK.
Ако секој ден јадете по една ќесичка чипс, за година дена во организмот би внесле 5 литри зејтин, покажуваат резултати

Пронајдете не на следниве мрежи: