Инвеститорите на Microsoft: Време е Бил Гејтс да си оди

Инвеститорите на компанијата Microsoft веќе се во потрага по нов извршен директор, откако Steve Ballmer ја напушти функцијата.Според нив, дополнителен проблем е Bill Gates.Коментарите на инвеститорите се дека Gates најверојатно треба да се повлече од функцијата, а според Reuters веќе тројца од дваесет члениот одбор побарале директно од Gates да отстапи. Наводно, постојат повеќе причини за ова мислење.
Една причина е што инвеститорите веруваат дека присуството на Gates ја оттргнува компанијата и вработените да експериментираат со нови стратегии, а дополнително ја ограничува моќта на главниот извршен директор. Втората причина е дека Gates премногу се фокусира на своите хуманитарни настани, па нема време ефективно да го води бордот на инвеститори.
Сеуште нема информации за тоа колку останатите членови на одборот се согласуваат со овие тврдења. Bill Gates сеуште е најголемиот акционер и поседува 4,5% од компанијата.
Извор. GSM.mkСпоред нив, дополнителен проблем е Bill Gates.Коментарите на инвеститорите се дека Gates најверојатно треба да се повлече од функцијата, а според R

Пронајдете не на следниве мрежи: