iPhone апликација која ви кажува кои сателити ве гледаат

SpyMeSat е апликацијата која на доста интерактивен начин ви ги прикажува оние сателити кои во моментот ве следат вас.Во случај да сакате да бидете свесни за околината околу вас или сте параноични, една едноставна iPhone апликација може да ви помогне кога да се сокриете од „светските шпиони“.
Orbit Logic од Greenbelt ја направиле апликацијата SpyMeSat која ви праќа нотификации кога некој од шпионирачките сателити поминуваат над вашата глава. Со вклучувањето на апликацијата ќе ви се прикаже динамична мапа која ги покажува орбитите и моменталната положба на одредени сателити. 
Alex Herz, претседателот на Orbit Logic, изјави дека SpyMeSat е првата апликација од компанијата која е наменета за било кој корисник и едноставно е апликација која се насочува на луѓето кои живеат на оваа планета.
„Всушност идејата за апликацијата ја добив додека зборував со пријатели кои не се во вселенската индустрија, но сепак покажаа интерес за сателитите и нивните снимања. Оваа апликација ви дава одговори на забавен и интерактивен начин“ – изјави Herz.
Прочитајте повеќе на GSM.mkВо случај да сакате да бидете свесни за околината околу вас или сте параноични, една едноставна iPhone апликација може да ви помогне кога да се сок

Пронајдете не на следниве мрежи: