ИПИС: Народот сака решавање на спорот со името, но не по секаква цена

Само 25 отсто од Македонците имаат позитивно мислење за Грците. 80 проценти сметаат дека политичките односи меѓу двете земји се лоши, а повеќе од половина од граѓаните сметаат дека владата треба да преземе некаква иницијатива за решавање на спорот со името и дека е многу важно што поскоро да се реши ова прашање.Ова се резултатите од анкетата за перцепциите на македонските граѓани во спорот со името, односите со соседите и интеграцијата во ЕУ и НАТО, што ја спроведе Институтот за политички истражувања во март годинава.
Анкетата е спроведена во март месец во Македонија и во Грција, на репрезентативен примерок од 1.101 испитаници и ги мери перцепциите на граѓаните од двете земји, кои потоа ќе бидат искористени за компаративно истражување. Резултатите од истражувањето треба да им помогнат на креаторите на политиките во двете земји и на меѓународната заедница во пристапот кон изнаоѓање решение на спорот и во јакнење на билатералните односи. Мнозинството испитаници (58,8%) се изјасниле дека се потребни иницијативи за градење на довербата меѓу двете земји, но и дека не би прифатиле промена на името (66,4%) за меѓународна употреба за влез во овие асоцијации.
 
Анализите покажале и дека 65 отсто од македонскиот народ не би прифатил промена на уставното име за меѓународна употреба со цел влез во ЕУ и НАТО. Според анкетата, 66 проценти одговориле дека се за влез на земјава во ЕУ, а 70 отсто за влез во НАТО. Ова е прво компаративно истражување. Целта е да се подобрат перцепциите кај народот и во двете земји. За две недели треба да бидат објавени и резултатите од анкетата спроведена во Грција.
Според Владимир Божиновски од ИПИС, спорот за името во моментов е во пат-позиција и за негово надминување неопходно е прво градење мерки на доверба за да се смени перцепцијата на јавноста, особено во Грција, која во изминатите 25 години е труена од страна на политичките елити.
Граѓаните на Македонија најпозитивно мислење имаат за државите Германија, Турција и Србија.
Проблемите во врска со спорот за името се дел од една широко распространета перцепција во Грција дека Македонија се обидува да ја украде нивната историја и дека овој напор за крадење на историјата е дел од еден поширок план за враќање територии. Така што спорот за името е практично манифестација на перцепцијата во јавноста на која ѝ се додава оган од страна на националистите кои ја демонизираат Македонија и ја прикажуваат како непријател наместо како партнер.
Ова го истакна Дејвид Филипс од Универзитетот „Колумбија“ во Њујорк по денешната презентација на анкета за перцепциите на македонските граѓани за спорот за името и односите со соседите, спроведена во соработка со Фондацијата „Алијанса на цивилизациите“ и Институтот за политичко истражување – Скопје (ИПРС)
За тоа дека Владата (на Македонија) треба да покрене некоја инцијатива за подобрување на односите со Грција, се изјасниле 58,8% од испитаниците.
Најголем дел од испитаниците (53,5%) сметаат дека е многу важно веднаш да се реши спорот со името.
Според Владимир Божиновски од ИПИС, спорот за името во моментов е во пат-позиција и за негово надминување неопходно е прво градење мерки на доверба за да се смени перцепцијата на јавноста, особено во Грција која, вели, во изминатите 25 години е труена од страна на политичките елити.
– Ние не можеме да очекуваме решавање на спорот без пред тоа да се стекне одредена доверба меѓу јавните мислења, односно меѓу луѓето кои живеат во Македонија и во Грција. Така што сега процесот не треба да се фокусира на тоа да го решиме спорот за името и дека тоа може да биде направено од политичките елити. Тоа не може да биде направено од политичките елити, особено што во Македонија политичките елити и да постигнат некаков компромис, тоа оди на референдум. Туку прво мора да се изградат мерки на доверба кои би ги приближиле ставовите и перцепциите на граѓаните и во Грција и во Македонија да се намали оној антагонизам што е создаван изминативе 25 години за потоа евентуално да се размислува на некаков компромис – вели Божиновски.
Тој посочува дека не можеме сега да бараме решение на проблемот од врвот кон дното, туку мора постепено од основната база на општеството да почнат да се градат некакви мерки на доверба за да се постигне одреден компромис. – Не верувам дека сега во Грција некој може да донесе решение за некаков компромис со РМ дури и тоа да значи дека ние ќе ги почнеме преговорите со ЕУ под постојната референца. Едноставно ниту има желба ниту има можност да се направи тоа, дециден е Божиновски.
Ова се резултатите од анкетата за перцепциите на македонските граѓани во спорот со името, односите со соседите и интеграцијата во ЕУ и НАТО, што ја

Пронајдете не на следниве мрежи: