Ирак: Смртна казна со бесење извршена врз 11 лица обвинети за тероризам!

Ирачкото Министерство за правда соопшти дека е извршена смртната казна, со бесење, врз 11 лица,сите обвинети за тероризам.Во соопштението од Багдад се вели дека сите егзекутирани се ирачки државјани.Со последното извршување на смртната казна, бројот на егзекутираните лица во Ирак, за помалку од една недела се зголеми на вкупно 37 осуденици.
Комитетот за човекови права при Обединетите нации ја осуди последната егзекуција на лицата осудени на смрт во Ирак, предупредувајќи дека масовното извршување на смртните казни може да се означи како насилство врз правдата и злоупотреба на правото и на правниот поредок.
Масовните егзекуции врз на казнетите лица, доаѓа по силното насилство и распалениот тероризам во земјата, потикнат од меѓуверските разлики меѓу локалните сунити и шиити. Во текот на изминатата година, во меѓуверските насилства во ирачките градови се убиени десетина илјади лица, што е најмногу по 2006 и 2007 година.
Според податоците со кои располага Хјуман Рајтс Воч (ХРВ) , вкупно 151 лица,осудени на смрт, се обесени во Ирак во 2013 година, што е најмногу досега.Во годишниот извештај на ХРВ се вели дека во 2012 година биле егзекутирани 129, а една година пред тоа, 68 осудени лица.Во соопштението од Багдад се вели дека сите егзекутирани се ирачки државјани.Со последното извршување на смртната казна, бројот на егзекутираните л

Пронајдете не на следниве мрежи: