ИСЧЕЗНА ПОЗНАТА ПЕЈАЧКА НА ГРАНД: Отишла да џогира и не се вратила!

Српската полиција синоќа ја интензивираше потрагата по пејачката Јелена Крсмановиќ, која исчезнала откако отишла да џогира. Со помош на полициски кучиња беа истражени локалните гробишта, по што потрагата ќе продолжи по напуштените куќи.Откако ќе бидат пребарани напуштените објекти, полицијата би требало да трага низ локалните мочуришта.
Јелена Крсмановиќ, исчезна вчера во 15 часот во Борча, кај дивата населба Црвенка. Таа е позната како пејачка на Гранд.
Јелена била со сопругот и ќеркичката кога отишла да џогира и не се вратила. По објавата во медиумите дека се води како исчезната, полицијата веднаш започна истрага и го лоцираше нејзиниот мобилен телефон, но сѐ уште нема никакви информации каде би можела да се наоѓа пејачката.
Зоран Марјановиќ, сопругот на пејачката, изјави дека редовно ја носел со автомобил на оваа локација кадешто таа секогаш трчала.
„Џогира од рампата до насипот и така во неколку наврати. Го паркирав автомобилот на почетокот од патеката, а денес дојдовме тука заедно со ќерката Јана“ – изјавил тој.
Инспекторот на полицијата издаде наредба детално да се пребара локацијата и беше испратена молба до граѓаните доколку некој има било каква информација веднаш да ја контактира полицијата.
Откако ќе бидат пребарани напуштените објекти, полицијата би требало да трага низ локалните мочуришта.
Јелена Крсмановиќ, исчезна вчера во

Пронајдете не на следниве мрежи: