ИСИДОРА БЈЕЛИЦА И КРИСТИНА КОВАЧ НА ШТАНДОТ НА ПРОСВЕТНО ДЕЛО

Меѓу многубројните промоции кои ќе се случуваат на штандот на Просветно дело на претстојниот Саем на книгата, централно место имаат оние на збирката раскази Да се љуби и да се умре на Карибите од Исидора Бјелица и Дрво на животот на Кристина Ковач. Еден од најхрабрите љубовни романи последниве години, Дрво на животот, ќе биде промовиран во четрток, 14 асприл во 13 часот. За оваа исклучителна љубовна приказна ќе поразговараме со познатата српска композиторка и пејачка Кристина Ковач на која ова ѝ е прв роман. Присутните на штандот на Просветно дело ќе може да добија посвета со автограм од авторката лично. 
Да се љуби и да се умре на Карибите е втора книга од Бјелица во издание на Просветно дело, по објавувањето на нејзиниот роман Сама. Оваа збирка раскази не е само приказна за скриениот раj, тоа е книга во коjа потсвеста на авторката, нејзиното скриено jас, пишува за себе, за болеста, за стравот, за краjот на животот многу години пред тоа навистина да се случи. Промоцијата на оваа книга ќе се случи во петок, 15 април од 13 часот кога Бјелица ќе биде присутна на штандот на Просветно дело. 
Просветно дело на годинешниов Саем на книгата ќе ги претстави и изданјијата од новите едиции лиценцирани наслови за деца како Миа и јас, Нинџа желки, Дора истражува и Сунѓерот Боб. Еден од најхрабрите љубовни романи последниве години, Дрво на животот, ќе биде промовиран во четрток, 14 асприл во 13 часот. За оваа

Пронајдете не на следниве мрежи: