ИСИЛ: Христијаните ќе смеат да носат само партали и јавно ќе бидат понижувани

Исламистички проповедник од Британија најави дека христијаните ги чека страшна судбина под муслиманска власт.Абу Валид (35), кој е припадник на организацијата Исламска држава Ирак и Левант (ИСИЛ), организираше јавен собир во Кардиф на кој ги изнесе своите планови за уредување на европското општество откако ќе биде освоено од исламистите.
Според планот, христијаните и останатите немуслимани ќе бидат јавно понижувани и третирани како граѓани од втор ред.
„На улица неверникот ќе мора да носи црвена лента околу вратот, да се шета со избричена глава и да носи искинати чевли. Неверниците нема да смеат да одат по тротоар, туку ќе мораат да се движат по средината на улицата и тоа само ако јаваат муле. Христијаните ќе мора на муслиманите да им ја дадат својата убава гардероба и ќе смеат да носат само партали“, вели Валид.
Првата земја која ќе се најде на нивната мапа за уривање на системот е Велика Британија.
„На врвот на Биг Бен ќе поставиме знаме на кое пишува – Нема друг бог освен Алах. Црквите ќе им ги оставиме, но никогаш од нив нема да смее за забие камбана“, додаде Валид.
Лорд Карлајл, британски политичар и некогашен борец против тероризмот, изјави дека тврдењата на Валид се чист пример на ширење на расна омраза: „ Идејата дека христијаните треба да ги бричат своите глави и да носат црвени ленти околу вратот потсетува на најлошата идеја и постапка на Адолф Хитлер“.Абу Валид (35), кој е припадник на организацијата Исламска држава Ирак и Левант (ИСИЛ), организираше јавен собир во Кардиф на кој ги изнесе своите

Пронајдете не на следниве мрежи: