Иско: Ако се согласи Малага, ќе заминам во Челзи, ако не, останувам во овој тим!

Во шпанските медиуми повторно се крена прашина на темата „Иско“, кој привлекува се поголем и поголем број на европски фудбалски гиганти кои дефинитивно нема да штедат за да го купат овој одличен фудбалер на Малага.
Според најновите информации кои ги пласираа во јавноста голем број на медиуми, се вели дека англискиот премиерлигаш Челзи, е подготвен да издвои 30 милиони фунти за ангажман на Иско.
Малага потпиша нов договор со Иско, со кој си обезбеди можност за големи барања кога е во прашање продажба на овој 20-годишен фудбалер, оној тим што ќе биде заинтересиран за да го ангажира Иско, ќе мора да одвои солидна сума за реализирање на таквиот трансфер.
Иско ги освои сите симпатии кај фановите на Малага, кај управата на клубот, па и општо земено во Шпанија и кај големиот број на љубители на фудбалот, неговата изјава со интересот на Челзи за негов ангажман говори се, ја отсликува неговата фудбалска големина, но не само како фудбалер, туку и како личност.
„Не би имал ништо против да одам во Челзи, но само ако Малага се согласи на тоа“ вели Иско.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Во шпанските медиуми повторно се крена прашина на темата „Иско“, кој привлекува се поголем и поголем број

Пронајдете не на следниве мрежи: