Иско: Потполно сум посветен на Малага

Одличниот фудбалер на екипата на Малага, Иско, вели дека би заминал од Малага само доколку тоа е во корист на клубот, но и негова лична корист.
Од доаѓањето во Малага, Иско одигра вкупно 54 натпревари во Лигата на Шампионите и постигна 13 погодоци за оваа екипа.
Неговиот тим оваа година се бори во Лигата на Шампионите за што е можно поголем подвиг, но, во исто време се бори и со своите финансиски проблеми.
Поради тоа, оваа екипа мораше да се ослободи, односно да заработи одредена сума на пари со трансферите на Казорла, Монреал, па тамошните медиуми пренесуваат дека токму Иско е следен на списокот за трансфери од екипата на Малага.
„Потполно сум посветен на Малага, но би се согласил да си заминам од клубот доколку од мојата продажба клубот би имал голема корист и доколку тоа би било добро и за мене“ вели Иско.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Одличниот фудбалер на екипата на Малага, Иско, вели дека би заминал од Малага само доколку тоа е во корист на клубот,

Пронајдете не на следниве мрежи: