ИСЛАМИСТИЧКИ ТЕРОР: Христијаните плаќаат данок, ако не преминат во ислам

Жените не смеат  да ја напуштат куќата, а христијаните и Евреите плаќаат сума од 250 $ месечно. Така денес живеат во ирачкиот град Мосул.Сунитските екстремисти од Исламската држава Ирак и Левант (ISIL), коi минатата недела го зедoa вториот по големина град во Ирак,направиле  “договор со градот” во 16 точки, што претставува радикална примена на шеријатскиот закон.
“Ги пробавте  сите световни системи на власта- монархија, република, Садам Хусеин – и во сите бевте жртви:  Сега дојде време да ја прифатите исламска држава”, пишува во „договорот”.
Сите христијани и Евреи се обележани со стариот израз “дими”, кој некогаш се користел за немуслиманите, и тие се принудени да плаќаат „џзија“ посебен данок каков што постоел и во Отоманската империја. Тахир Еса, 35-годишнен христијански свештеник од Багдад, вели дека поради овие мерки се обидуваат да побегнат од Мосул последните 500 преостанати христијани.
– Џизијата буквално беше капка која ја прели чашата. Бараат најмалку по $ 250 за возрасни. Неверојатна сума кога се има предвид дека просечната плата едвај надминува $ 500, особено кога се знае дека денес речиси никој и не работи. Тогаш како може тоа да се плати? – вознемирено наведува Еса и додава дека на христијаните во Мосул алтернатива им е или да преминат  во исламот и ги чека прогон, а на секој кој ќе се побуни на исламистите, му го одземат целиот имот.

 
Од Абу Граиб, градот на околу 20 километри западно од главниот град Багдад, екстремистите веќе протерале четириесет христијански семејства.
Кон “Договорот со градот”, кој не важи само во Мосул, туку исто така и во други места на провинцијата Ниневија, мора да се придржува секој кој има намера да живее таму, и во него, меѓу другото, стои и  обврска на јавно покајание за сите полицајци и војници, кои биле под команда на владата на шиитскиот премиер Нури ал Малики. Жените буквално добиле наредба дека “мораат да останат дома и да излегуваат само кога е неопходно, бидејќи нивната улога е да обезбедат  стабилност на семејниот дом.” Покрај тоа, предвидени се остри казни за крадците од видот  на отсекување на екстремитетите, а уште по сурови во форма на распнување, за сериозни кривични дела. Смртната казна му се заканува на секој кој го одбива исламот како религија или промовира политеизам. Употребата на алкохол и дрога е забранета.Сунитските екстремисти од Исламската држава Ирак и Левант (ISIL), коi минатата недела го зедoa вториот по големина град во Ирак,направиле  “до

Пронајдете не на следниве мрежи: