четврток, 12 ноември 2026
Најново

Исланд им ги простува долговите на граѓаните и станува број еден непријател на светските банкари!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Владата во Исланд потврди дека на граѓаните ќе им ги отпише хипотекарните долгови во висина од 24.000 евра. Со тоа ги исполнува своите предизборни ветувања, но е подложна на жестоки критики кои доаѓаат од меѓународните финансиски институции. 
Мерката ја предложи премиерот на Исланд Сигмундур Давид Гунлаугсон,чија партија ги освоии изборите, најмногу поради ветувањето дека ќе ги раздолжи задолжените граѓани.
ММФ против оваа мерка
Според информациите, во просек секој долг на домаќинствата ќе се намали за 13 %. Од владата истакнуваат дека оваа мерка ќе започне да се спроведува на средината на 2014 година. Вклупниот трошок ќе изнесува 1,2 милијарди долари. Постепено намалувањето на долговите ќе трае во рок од 4 години. Ислад е мала држава која е неспоредлива со големите европски земји, но оваа мерка воопшто не е погодна за меѓународните финансиски институции.  ММФ и Организацијата за Економски развој и Соработка советуваат да не се започне со оваа мерка. 

 
-Исланд има мал фискален простор за ваква мерка-истакнуваат од ММФ, додека  Организацијата за Економски развој и Соработка советува дека најдобро е оваа мерка да биде само да домаќинствата со ниски примања. 
Трн во око на банкарите
Исланд е познат по тоа дека на прво место ги става граѓаните и нивните интереси а не итересите на банките, е добро објаснување за тоа дека токму оваа земја е трн во око на меѓународните банкари. На нив не им е во интерес светот да ги спроведува овие методи на решавање на економската криза и презадолженост. Тие едноставно се плашат ова да не стане светски тренд.Со тоа ги исполнува своите предизборни ветувања, но е подложна на жестоки критики кои доаѓаат од меѓународните финансиски институции. 

Поврзани вести