Како што пренесуваат странските медиуми, венчавката на старлетата и раперот за која сите зборат, била вистински циркус – доцнела младата, музиката била лоша и доалетите биле до масите на кои гостите вечерале, се само некои од деталите кои оставиле исклучиво негативен впечаток на гостите.Славната старлета Ким Кардашијан и нејзиниот сопруг,популарниот рапер Кање Вест се заколнаа на вечна љубов минатата недела, на церемонијата одржана во Фиренца, а прашината која се крева зад нивниот најважен ден никако не стивнува.
Странските медиуми сега се распишаа за негативните страни на нивната венчавка, па целата церемонија ја нарекоа вистински циркус.
Како што пренесува Њујорк тајмс, освен проблемите со исклучиво непристапната локација поради што им била потребна дигалка за да го пренесат секој предмет поединечно, врвот на лошата организација претставувале златните кутии со висина од 15 метри во кои се наоѓал тоалетот, а кои биле поставени веднаш покрај масите на кои гостите вечерале.
Освен тоа 4 дена пред венчавката парот нарачал 30 статуи од црн мермер, но Кање само 2 часа прес венчавката одлучил сепак да бидат тргнати. Бидејќи секој од нив бил тежок по 2 тони, на работниците им требале два часа да ги отстранат.
На Кање исто така не му се допаднало ни озвучувањето вредно 100 000 евра па музика пуштале од iPod.
Првиот танц траел цели 5 песни, а по тоа раперот држел говор од 45 минути во кој поголем дел од него, зборувал за себе.
Старлетата на сопствената венчавка доцнела цели 25 минути, а циркусот го дополнило и појвувањето на Бочели, завршил со настапот и немал каде да седне. Тој наводно не се налутил поради тоа, но сепак набрзо си заминал од прославата.
Подарокот кој привлекол најголемо внимание било шишето скапоцен шампањ Chianti обвиткано со злато, кое наместо со тапа, било затворено со дијаманти. Овој подарок пристигнал од Џеј Зи, кој не се појавил на венчавката. Славната старлета Ким Кардашијан и нејзиниот сопруг,популарниот рапер Кање Вест се заколнаа на вечна љубов минатата недела, на церемонијата одржана



