Исповед на мажена жена: „Не сакам секс со сопругот и подготвена сум да му платам прост*тутка“

Мајка на три деца не сака веќе да има секс со својот сопруг и подготвена е на сè само за да не дојде до тоа.Сара Колинс (46) од Велика Британија признала дека сексот меѓу неа и нејзиниот сопруг Грејем Годен (47) престанал откако добиле деца и дека сега спијат во одделни спални соби.
Во емисијата на британската утринска програма „This Morning“, таа си ја отворила душата и рекла дека таа и Грејем имале редовен сексуален однос, но дека и двајцата го загубиле интересирањето откако станале родители на Ели (15), Џуд (11) и Џејк (7).
„Имав голем број на абортуси, па кога забременив, Грејем не сакаше да ме допира поради безбедносни причини. Потоа, кога почнав да дојам, сметаше дека е несоодветно да имаме секс“ – раскажала Сара.
После тоа, сè поретко имале секс, за на крајот целосно да престанат да спијат заедно и дури се префрлиле во одвоени спални соби, бидејќи како што рекла Сара, и двајцата многу `рчат.
Таа работи како тренер на децата за изборите за убавина каде што редовно ги испраќа и истакнува дека сексот не ѝ е „првата работа на ум“, но дека и понатаму ѝ се допаѓа нејзиниот сопруг.

А, кој бил коментарот на нејзиниот сопруг на сето ова?
„Помина периодот од животот кога ми беше грижа околу тоа, повеќе не се ни трудам да прашувам. 
Врз основа на изјавата од неговата сопруга, таа смета дека е во ред и ако Грејем ја изневери, бидејќи имаат „отворен однос и договор дека таквите работи се во ред“.
„Откако го родив второто дете бев во постпородилна депресија и се почувствував како да го оттурнувам од себе. Тогаш му реков дека ако сексот му е толку важен, ќе му платам да оди кај проститутка, бидејќи тоа е само секс“ – рекла Сара на чудење на присутните.
Не е ретка појава дека брачните парови после добивањето на деца и во одредени години го губат сексуалниот ритам, но тоа не е ништо што е трајно и непоправливо, туку само треба да се потрудат тој аспект од животот повторно да проработи.Сара Колинс (46) од Велика Британија признала дека сексот меѓу неа и нејзиниот сопруг Грејем Годен (47) престанал откако добиле деца и дека сега сп

Пронајдете не на следниве мрежи: