Исповед на позната старлета: Ова е вистината за моделингот во Дубаи и дружењето со Арапи!

Божана Вујиновиќ, 22-годишна девојка од Бањалука која минатата година беше уапсена заедно со Мими Оро во акција за откривање на елитната проституција во Србија, често престојува во Дубаи. Иако српските старлети заминуваат во ова место поради сексот за пари со Арапи, Божана тврди дека нема никаква врска со аферата „Харем“.Таа наведува дека во Дубаи одела како турист и поради фотографирање за различни кампањи. Да потсетиме, многу српски манекенки со ист таков изговор велеле дека патуваат во оваа луксузна дестинација.
„Разбирам дека проституцијата е интересна тема, но тоа нема врска со мене и моите заминувања во Дубаи. Таму бев исклучиво туристички и тоа поради фотосесии“, вели Божана.
Таа додала дека Арапите ѝ давале подароци и дека се луди по русокоси девојки, но дека ништо не прифатила од подароците.
„Ми нудеа сѐ и сешто. Познато е дека тие се луди по русокоси девојки. Ми подаруваа острови, камили, куќи, автомобили, накит, но јас само љубезно им се заблагодарував. Своите цели сама ги остварувам, а не со помош на некој шеик“, истакнува таа.
На бројните објави во медиумите кои ја доведуваат во врска со проституција, Божана вели:
„Таквите нешта не ме погодуваат. Луѓето од мравка прават слон. Си го живеам животот, а не туѓиот. Многумина се склони да ги етикетираат другите и тоа неосновано. Нив ги погодува тоа што патувам и уживам, а мене ме боли уво за туѓите мислења“.
Покрај тоа, Божана вели дека заработува чесно за луксузните патувања и дека тука нема ништо чудно:
„Таквиот вид одмор станува попристапен. Велат дека патувањата се богатство. Тоа е вистина, бидејќи нема ништо повредно од тоа да заминеш некаде и да уживаш во сите погодности. Тоа ме исполнува и се трудам да одам на што е можно повеќе патувања. Работата како модел ми овозможува да го пропатувам светот. Парите чесно ги заработувам и тука нема ништо чудно“, наведува таа.Таа наведува дека во Дубаи одела како турист и поради фотографирање за различни кампањи. Да потсетиме, многу српски манекенки со ист таков изговор

Пронајдете не на следниве мрежи: