ИСПОВЕД НА СКРОМНИОТ МАРКО: Еве зошто се расплака откако сите ги доведе до солзи

За феноменалниот Марко Бошњак (11) кој со својот настап во „Ѕвездичките на Пинк“ го расплака цел Балкан, сите зборуваат, а скромното момченце признава дека му се симпатични сите пофалби кои ги добива од сите страни и додава дека не размислува за победа.- Имав огромна трема пред да излезам да пеам. Иако 2 месеци пред настапот ја вежбав песната, не ми беше сеедно. Семејството ме советуваше да бидам што повеќе опуштен, а кога излегов на сцена и ја видов Гоца и Хари многу се исплашив. Тие секогаш истакнуваат нечии мани. Сепак кога ги слушнав коментарите после песната, бев пресреќен – вели Марко за Блиц и ја опишува сцената која ги расплака сите гледачи.
– Тоа беа солзи радосници. Поинаку е кога се гледа на телевизија, а кога ја видов публикта која пее во хор и ме подржува,  бев надвор од себе. Нормално е тоа што заплакав – вели прекрасното момченце од Прозор и открива некои  од своите тајни…

 
– Ми приоѓаат луѓе, а мене сето тоа ми е симпатично и слатко. Девојка немам. Има и онакви кои велат дека не сум талентиран, но секој има право на свое мислење. Мене љубомората не ме интересира – вели Марко кој редовно тренира карате и има црвен појас. Идол му е Џеси Џеј.
За крај скромниот Марко вели дека не размислува за победа, туку дека својот талент сака да го покаже пред публиката.
ЗА ПРВ ПАТ СИТЕ ОД ЖИРИТО ПЛАЧЕА: Дали ова е најдобриот настап досега во „Ѕвездичките на Пинк“? Погледнете ТУКА- Имав огромна трема пред да излезам да пеам. Иако 2 месеци пред настапот ја вежбав песната, не ми беше сеедно. Семејството ме советуваше да бидам

Пронајдете не на следниве мрежи: