Иста приказна и во Србија, само тие веднаш им го „спопикаа“ и извадија се на виделина

Шокантно е колку се креаторите на нашиве, балкански кризи брутални и предвидливи.Нашата таканаречена шарена револуција, под исто име и со исти методи, дипломатите и Сорос ја спороведуваа пред точно 10 години во Босна, за да се урне дејтонскиот договор, и со уставен преврат да се укине Република српска. Фотографијата на објект оштетен од фарбање која ја гледате под овој текст не е од Скопје, од Сараево во 2006 година е!
И таму се плаќаше за да се организира и протестира но, граганите и јавноста дадоа отпор и шарената револуција против уставот не им успеа.
Потоа по истиот терк гледаме соросоиди со дипломатска поддршка и во Македонија. Исти цели, промена на устав заради двојазичност, промена на име и идентитет и федерализација. Во првите редови етнички Албанци и македонски соросоиди уништуваат (исклучиво) македонски историски споменици и бараат поништување и уривање на секој објект или споменик кој значи културен и национален идентитет, пренесува Инфомакс.
Пред само два месеци српскиот премиер Вучиќ пред нивните избори на 24 април неколку пати кажа дека во Македонија се делува и организира од странство, дека е тоа украинско сценарио но, дека Србија нема да дозволи и кај неа да се гледа тој филм.
Само еден месец по изборите во Србија кои Вучиќ и неговата СНС ги добија многу убедливо, со поддршка од дури 50% од гласачите, и во Белград дипломатите и локалните соросоиди помагани од фабриката за државни преврати Канвас – му најавуваат на Вучиќ украинско сценарио.
А како што пред само неколку дена изјави Стивен Мејер, бившиот заменик директор на ЦИА надлежен за Балкан, овде се очекуваат промени на граници, а во организација на тензиите нескриено учествуваат и американските амбасадори. Тоа го кажа шефот од ЦИА кој над петнаесет години работел на овој терен.
Главен грев на Вучиќ е што по изборите имал средба со Путин и најавил коалиција со српските социјалисти. А причини за демонстрации и протести од украинската шема има секогаш, и може да биде било кој јавен настан.
Како што изјави Мејер, и како што ние со свои очи гледаме, сценариото се случува. За разлика од нас, Србите од прв момент заиграа отворено и тврдо, и ги објавија причините и креаторите на кризата која се најавува. Но, Србија нема партии на етнички Албанци кои се продолжена рака на амбасадите, и кои можат секогаш со нивна поддршка и заштита да го урнат парламентот и власта ако тоа амбасадите им го побараат, и решија да се спротистават како што и се очекува од нив.
Амбасадорите на Европската унија и на САД во Србија, Мајкл Девенпорт и Кајл Скот од изборите на 24 април до почетокот на оваа недела ги координирале исплатите на фантастични 1.367.000 евра за финансиска и логистичка поддршка на протестите “Ne da (vi) mo Beograd” и “Podrzi RTV”, открива српски Информер.
Западот, како што и претходно пишуваа дел од српските медиуми, планира овие протести да ги редикализира и да ги претвори во масовни и насилни демонстрации кои ќе бидат вовед во таканаречената обоена револуција.
Платена кампања
Документацијата до која дошол Информер.рс покажува дека за околу месец и половина, повеќе од 150 милиони динари легнале на сметките на повеќе невладини организации, “граѓански движења”, синдикати и други параполитички организации кои стојат зад актуелните протести кои избија по аферата Савамала.
Овие милиони се исплатени преку странски фондации, а парите се префрлени за фиктивни проекти за развој на демократијата и човековите права, но се разбира, ќе бидат употребени за финансирање на кампања против актуелната власт во Србија.
Според информациите на Информер.рс, споменатите 1 367 000 евра се само првиот дел од буџетот кој ќе изнесува вкупно 5 милиони ерва за оваа намена.
– Давенпорт и Скот, односно нивните шефови во Брисел и Вашингтон, не штеделе пари за нивниот проект во Србија и за ширењето на граѓанските протести. Се разбира, сето тоа се работи зад паролата на развој на демократијата и човековите права, а всушност е параван за рушење на непослушната српска власт, вели изворот за Информер, кој инаку е вклучен во организацијата на овој проект за рушење на власта.
– Таa цифра од милион и триста илјади евра преку разни невладини организации и фондови се вложени за демонстациите и во “истражувачките” и “независните” медиуми. Ќе бидат платени сите плукачки текстови на таканаречените антикорупциски портали, како и негативната кампања во прозападните весници и на телевизиите. Планот е преку лажно инсистирња на “вистината“ за Савамала и РТВ, народот да се мобилизира на протести со кои пак од позадина ќе диригираат Девенпорт и Скот, според инструкциите на своите газди во Брисел и Вашингтон…
Девенпорт и Скот не се изјсниле за овие наводи, но се обиделе да ги демантираат сознанијата на Информер.
Главниот уредник пак на Новости, Ратко Димитровиќ, истакнува дека ова е доказ за дволичната игра на Европската Унија.
– ЕУ игра лицемерно со Владата на Србија. Јавно ја поддржува, а тајно финасира нејзино рушење. За тие задачи секогаш наоѓала и ќе наоѓа изведувачи на терен. Тоа не е ништо ново. Имам само едно прашање – Како се викаат луѓето кои странците ги плаќаат да прават нешто за нивна корист?, вели Димитровиќ.
Директно влијание
Аналитичарот Бранко Радун оценува дека не е необично тоа што западните амбасади ги поддржуваат протестите во Србија.
– Голем број на организации во невладиниот сектор, медиумите и опозициските политичари се под директно влијание. Затоа не ме чуди тоа што, како и во Македонија и во Република Српска, ги поддржуваат демонстрациите и кај нас. Така бепе изведена и петооктомврискта револуција. Единствената одбрана од валканите странски интереси е да се изнесат докази за тоа кој ги добива тие пари и за што. Нашата јавност не е наивна како некогаш и не може да се излаже така лесно, завршил Радун, во текстот кој го објавува белградски Информер..Нашата таканаречена шарена револуција, под исто име и со исти методи, дипломатите и Сорос ја спороведуваа пред точно 10 години во Босна, за да се у

Пронајдете не на следниве мрежи: