На имотот на познатиот музичар Принс се пронајдени сомнителни рецепти за лекови. Сега, детективите испитуваат дали можеби Принс добил повеќе рецепти од она што му било потребно, бидејќи случајот многу наликува на оној со смртта на познатата поп-ѕвезда Мајкл Џексон, по чија смрт е утврдено дека лекарот му припишувал лек што довел до неговата смрт.
Во моментов истрагата не се води под сомнеж за типично убиство, туку се проверува дали постои основа за таков случај. Полицијата има намера да ги „прочешла“ последните две години од животот на Принс. „Мораме да утврдиме што е тоа што Принс го правел во последните денови од животот, и тоа во секој момент. Заради тоа, се фокусираме на последните две години од неговиот живот“, изјави извор од полицијата.
Веќе е утврдено дека познатиот музичар бил буден во последните 154 часа, односно повеќе од шест денови од животот. Сомнежот се појавил заради фактот дека во последните денови пред смртта Принс доживеал предозирње заради кое и всушност ја добил силната доза на лекови што му го спасиле животот.
„Неговата медицинска историја ни е на врвот на листата на приоритетите“, открил изворот од полицијата, додавајќи дека ќе бидат проверувани и телефонските повици, мејловите и содржината на неговиот компјутер.
Принс умре на 21 април оваа година, на негови 58 години. Најден е во лифтот на својот дом во Минеаполис, од страна на полицијата.
Во моментов истрагата не се води под сомнеж за типично убиство, туку се проверува дали постои основа за таков случај. Полицијата има



