Истренирала верверички да го нападнат нејзиното поранешно момче

Полицијата во Детроит ја уапсила 45-годишната Џенис Смит поради сомнеж дека тренирала поголем број на верверички поради напад на нејзиниот поранешен љубовник.Џејмс Робинсон, 51-годишната жртва на овој луд план, само во последниот месец бил жртва на повеќе напади во кои учествувале десетина верверички. 
Тој во овие напади претрпел повеќе сериозни повреди, а поради нив изгубил два прста и еден тестис.
Робинсон не знаел зошто верверичките го напаѓаат, сè додека не ја видел својата поранешна девојка, која е имено поранешен циркуски дресер и тренер на животни, како ги бодри малите глодари додека го напаѓаат.
“Беше скриена во грмушките, но можев јасно да ја видам и чујам. Им даваше наредби на верверичките и говореше да ме напаѓаат”, изјавил Робинсон.
Сфаќајки дека неговиот живот е загрозен, Робинсон се обратил на полицијата, која отишла во посета на Смит.
Во нејзиниот стан се пронајдени десетина кафези во кои се наоѓале вкупно 27 верверички. Исто така, тие пронашле и кукли со помош на кои ги тренирала, а на чие лице биле залепени фотографии од Робинсон.
Шефот на детроитската полиција Џејм Крејг потврдил дека Џенис Смит е обвинета за напад и дека во текот на испитувањето признала сè.
“Таа ги фаќала и ги тренирала верверичките да го вознемируваат и напаѓаат господинот Робинсон, кој е нејзиниот поранешен партнер. Пред тоа, таа има тренирано лавови, па затоа дресурата на верверички ѝ била лесна. Таа изјавила дека планирала да направи војска од 50 до 100 верверички”, изјавил шефот на полицијата.
Џенис е соочена со цела низа на оптужби, од малтретирање на животни па сè до нивно користење како оружје. Нејзините адвокати бараат да се изврши проценка на психичката состојба бидејќи сметаат дека дотичната пати од сериозни проблеми, поради што не е способна за судење.Џејмс Робинсон, 51-годишната жртва на овој луд план, само во последниот месец бил жртва на повеќе напади во кои учествувале десетина верверички.&nb

Пронајдете не на следниве мрежи: