Италијанка ја шетала Европа со кредитната картичка на Пандев!

Македонскиот фудбалски интернационалец Горан Пандев, кој настапува за италијанскиот гигант Наполи, бил жртва на измама во Италија. Како што пишува “Масеџеро”, голгетерот бил олеснет за 6.300 евра од една туристичка агенција.Пандев поднел и тужба, додека заменикот на јавниот обвинител Џорџо Орано, покренал истрага во која засега е осомничена една жена. 
Станува збор за периодот од 2004 до 2009 година кога Македонецот настапувал за Лацио, а жената имала увид во кодовите од кредитната картичка на фудбалерот. Со истата кредитна картичка биле платени неколку авионски билети до Париз, Милано, Франкфурт, Амстердам и Глазгов.  Целиот случај бил откриен од страна на банката, која откако се посомневала на неколку чудни трансакции, го известила најдобриот македонски фудбалер.  Како и многу други познати личности во Италија и Пандев во наведениот период ја доверил организацијата на своите патувања на агенцијата, која во неговиот случај се занимавала со организирања на патувања и на фудбалски екипи.
Извор:vecer.comПандев поднел и тужба, додека заменикот на јавниот обвинител Џорџо Орано, покренал истрага во која засега е осомничена

Пронајдете не на следниве мрежи: