Италијански милионер мислеше дека неговата убава сопруга е киднапирана, но дозна страшна вистина!

Италијанскиот милионер, кој мислел дека нешто лошо ѝ се случило на неговата сопруга, останал непријатно изненаден кога ја видел на Инстаграм.Џанлука Червараго го пријавил исчезнувањето на поранешната мис на Украина Ана Зајачиваска (24), па преку еден интернет-портал, кој ги објавил нејзините фотографии, открил дека се наоѓа во Њујорк и дека побегнала од него.
Убавицата предизвикала вистинска полициска потрага кога исчезнала, само еден ден откако на својот профил на Фејсбук објавила дека едвај чека да стане дел до семејството на Џанлука, човекот што бил нејзино момче, а сега е противник на суд.
Двојката веќе била венчана во општина, но планирале и црковна церемонија за своите најблиски.
Украинската убавица во јули побегнала во САД, откако на Џанлука му рекла дека ќе излезе малку на воздух да се прошета. Бидејќи подолго време ја немало, Џанлука повикал полиција и почнала потрагата.
Меѓутоа, потрагата по убавата Ана прекинала кога на еден портал испливала нејзината фотографија со друг човек во САД. Џанлука веднаш ја тужел својата сопруга гледајќи ги овие фотографии и против неа е почната постапка поради кршење на предбрачниот договор.
Ана тврди дека нејзиниот сопруг ја малтретирал и дека морала да побегне.
– Еднаш ме удри во лице и тогаш побегнав кај своите родители во Украина. Не им реков зошто сум дојдена. Џналука набрзо дојде по мене барајќи да му дадам втора шанса. Во текот на една расправија пак ме удри и јас тоа веќе не можев да го поднесам – рекла Ана.
Убавицата вели дека со него била како во златен кафез. Имала сѐ, а сѐ ѝ било забрането и затоа решила да побегне.
Џанлука тврди дека кога побегнала украла мобилен телефон и 6.000 евра од неговиот сеф.
– Изгледа среќно на фотографиите од Америка. Не ми личи како да е малтретирана и тажна. Дури е во друштво и на друг маж. Таа е лажлива убавица и не е личност каква што мене ми се претстави – истакнува Џанлука.

 
Holding You..#hold #you #tuesday #milan #milano #hand #tattoo #love #angel #nofilter #happy #happyday #selfie #photooftheday #instadaily #instagood #instamood
A photo posted by Gianluca Cervara (@gianlucacervara) on Jan 19, 2016 at 8:10am PST

Џанлука Червараго го пријавил исчезнувањето на поранешната мис на Украина Ана Зајачиваска (24), па преку еден интернет-портал, кој ги објавил

Пронајдете не на следниве мрежи: