Елена, за жал, во полуфиналето не ја видовме, односно и го видовме само грбот затоа што ја имитираше Сиа и ја пееше нејзината Chandelier”. На сценските настапи на Сиа фокусот е ставен на тачарите, па заради тоа и на Елена во полуфиналето можевме да и го видиме само грбот и русата перика.
„Чудно ми е што нема танц во ликот, јас сум човек кој сака да игра на сцената, сега ми е малку чудно затоа што ќе ми го гледате грбот”, рече Елена пред да се појави на сцената, а кога почна да пее и покрај здравствените проблеми што ги имаше деновиве покажа дека има одлични вокални способности.
Членот на жирито Иван Ивановиќ се пошегува и кажа дека нема проблем Елена да е свртена со грб, но дека е недопустливо да не се гледа, иако не му е јасен тој концепт, мислејќи на Сиа, некој да сака да е славен, а да не сака да го гледаат.
„Ти заслужувааш и да пееш и секако да се гледаш. Биди храбра и упорна, ти си голем професионалец и покрај настинката беше феноменална”, додаде Иван.На сценските настапи на Сиа фокусот е ставен на тачарите, па заради тоа и на Елена во полуфиналето можевме да и го видиме само грбот и русата перик



