Веќе сите знаат дека ќерките на најголемите американски кандидати за претседател, Доналд Трамп и Хилари Клинтон се долгогодишни пријателки. Но на пријателството можеби му се ближи крајот откако Челзи Клинтон го прекрши изборното примирје со Иванка и го оцрнуваше Трамп на еден приватен настан.
За време на Новата година, Челзи Клинтон и Иванка Трамп се сложија да не дозволат фактот дека нивните родители се на спротивните страни на претседателската кампања, да го наруши нивното долгогодишно пријателство. Но, тоа не ја спречи Челзи да го оцрнува таткото на другарка и за време на една приватен хуманитарен настан во Менхетен. На настанот кој беше забранет за новинарите, Клинтон се обрати пред група богати донатори и го нарече Трамп шовинист, расист, хомофоб, а говореше и против неговата кампања што според неа ги повредува правата на работниците и на имигрантите.
Меѓу другото, заеднички факт на Челзи и Иванка е дека и двете беа бремени за време на кампањите на нивните родители. Иванка се породи пред еден месец, додека Челзи се очекува да се породи ова лето. „На луѓето им е важно да имаат претседател што знае како да направи владата да функционира, и мислам дека мајка ми е единствената кандидатка што јасно покажа дека е способна за тоа“, изјави Челзи.
За време на Новата година, Челзи Клинтон и Иванка Трамп се сложија да не дозволат фактот дека нивните родители се на



