Иванов: Да продолжиме по патот на просперитетот

Огромната поддршка што ми ја дадовте на 13 април во првиот круг на претседателските избори со речиси 450.000 гласа е јасна потврда за исправноста на политиките кои ги водиме – јас како претседател и ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Подобра Македонија чиј кандидат сум. Очекувам на 27 април да имаме двојна победа – на претседателските и на парламентарните избори, порача претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ Ѓорге Иванов на вчерашниот митинг.Тој посочи дека денес на Велигден треба да размислиме и да се потсетиме колку е важно да се работи за општото добро, а граѓаните токму тоа го препознаа, колку е важно заедничките интереси да ги ставаме пред личните интереси, неуморно да работиме за потребите на сите граѓани на Република Македонија и државата да ни е пред сè.
– Не само со зборови да кажуваме и да тврдиме дека се грижиме за Македонија. Тоа треба да го покажеме со нашите дела. Тоа е разликата меѓу нас и другите. За нас зборуваат реформите, за нас зборуваат законите што ги носиме, патиштата што ги градиме, фабриките што се градат низ Македонија, индустриските зони кои се отвораат, новите училишта, новите болници, новите спортски терени низ Македонија. За нас зборуваат илјадниците новите отворени работни места, рече Иванов.
Според него, еден од клучните столбови на неговата политика е градење на Македонија како економски силна и развиена држава, оти вели, за да биде просперитетна дома и ценета надвор, Македонија мора да биде економски силна и развиена земја.
Државата, додаде Иванов, се препознава по тоа што создава услови за странски инвестиции, да дојдат нови фабрики, да се вработуваат многу млади луѓе, а доколку ја добие довербата и во следните пет години вети дека ќе продолжи посветено да работи за севкупното унапредување на нашата економија.

 
– Вие кажавте дека е проверено она што го правиме. Затоа што знаеме како да го поттикнеме трендот на инвестирање во македонската економија. Имаме искуство. Како никогаш до сега се инвестира во Македонија. И тоа се гледа, насекаде низ Македонија. Исто така, ќе се борам со сопствени иницијативи да им помагаме на домашните компании, да им помагаме на креативните и на иновативните поединци во Република Македонија. Да ја покажат на дело македонската конкурентност на сите полиња, не само дома, не само во регионот, туку и во светски рамки, рече Иванов.
Нашата цел, посочи, е во Европската унија и во НАТО да влеземе како економски и инфраструктурно развиена земја и ништо нема да не поколеба да ги градиме најдобрите европски стандарди во Македонија.
Во неговата и во програмата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија, рече тој, се содржи она што потреба на граѓаните – за нови патишта, нови училишта, нови болници, подигање на економијата, повисоки плати, повисоки пензии, повисоки стипендии за студентите, поповолни услови за спортување за спортистите.
– Од вашите гласови зависи каква држава ќе имаме, каква Македонија ќе градиме. Сега е времето да го потврдиме сето она што е зацртано до сега. Да продолжиме по патот на македонскиот просперитет. Заеднички ја земавме одговорноста да ја оствариме нашата историска цел, за денес со гордост да можеме да кажеме дека Македонија оди по патот на напредокот, дека Македонија се гради. Тоа е наш заеднички успех, успех на Македонија. Но, тука не застануваме. Пред нас има уште многу работа и потребата за уште поголема посветеност, за да имаме квалитетен живот за сите граѓани во Македонија. Ве повикувам да го искористите вашето право на глас, и масовно да излезете на 27 април, да го дадете гласот за вас, вашите семејства, за вашата иднина, порача Иванов.Извор: МИА
 
Тој посочи дека денес на Велигден треба да размислиме и да се потсетиме колку е важно да се работи за општото добро, а граѓаните токму тоа го препо

Пронајдете не на следниве мрежи: