Иванов на средба со Високиот претставник на ОН во Алијансата на Цивилизациите

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска оствари средба со Високиот претставник на Обединетите нации во Алијансата на Цивилизациите, Н.Е  Насир Абдулазиз Ал – Насер.На средбата беше разговарано за улогата на Алијансата на Цивилизациите во справувањето со глобалните предизвици, како и за неопходноста од унапредувањето на  дијалогот и соработката помеѓу  државите, но и помеѓу недржавните актери во насока на имплементација на целите на Алијансата.
 Во тој контекст, претседателот Иванов истакна дека како никогаш досега, светот има потреба од една ваква благородна мисија.
 „ Република Македонија има исклучително активна улога во Алијансата на Цивилизациите и  секако, има што да и понуди. Во време на сериозни глобални предизвици, Алијансата треба да ги интензивира своите активности и да се фокусира на превентивниот аспект во делувањето“, истакна претседателот Иванов.
Ал-Насeр, кој на покана на претседателот Иванов е во посета на нашата земја и вечерва ќе присуствува на панел дискусијата “Улогата на Алијансата на Цивилизациите на ОН во справување со сегашните и идните глобални предизвици“ која е во организација на Фондацијата Алијанса на Цивилизациите, искажа висока почит и упати честитки за личниот ангажман и посветеноста на претседателот Иванов , како и за придонесот на Република Македонија во Алијансата на Цивилизациите на Обединетите нации.
 ” Вашите идеи и размислувања се високо ценети во рамките на Алијансата. Вас ве препознаваат како искрен пријател и поддржувач на оваа глобална иницијатива на Обединетите нации, која иако сеуште млада, веќе дава резултати“, истакна Ал-Насер, кој воедно на средбата го информираше претседателот Иванов и за Самитот во Баку, како и за приоритетите на Алијансата на Цивилизациите на Обединетите нации за наредниот период.
Двајцата соговорници изразија подготвеност да продолжи и да се интензивира во наредниот период тесната соработка помеѓу Република Македонија и Алијансата на Цивилизациите на Обединетите нации.На средбата беше разговарано за улогата на Алијансата на Цивилизациите во справувањето со глобалните предизвици, како и за неопходноста од унапреду

Пронајдете не на следниве мрежи: